Кармен Камачо – ЕДНАКВО НА НУЛА

Бројам хотелски соби
го отвораш топлото шишенце шампањ
бројам хотелски соби:
ноќи на човек кој ја гребе
вратата од мојата соба и завива
обидувајќи се да помине и се влечка по земја
ноќи на човек внатре во нив
кој се огледува во мене со полната месечина
на плакарот
ноќи на човекот и мојот замор
кои гледаат во скромните станови пред нас
не отворајќи го прозорецот
Ноќи без ноќ
од мажите
без мене

Препев од шпански јазик: Марија Крстевска

mk_MKMK