Катица Ќулавкова – Трема


„Матери, ми се замили опачината
та нели сум смртно суштество
сенка на суштината
нели е време животот да не ми биде
толку мил, колку што ми бил, Мила
времето го пополнувам со празнини
тоа веќе не е поход
тоа е одење со прескоци и падови
па стварноста станува привид
и повеќе општам со мртвите
одошто со живите
и се селам од еден предел во друг
повторно номад
губам осет за разликите
сал по некоја заталкана смисла
за божественото ми воскреснува
во свеста, не желба за бесмртност
а уважение на смртноста.
И веќе можам да кажам:
полесно ми е на душата.
Кога таа е подготвена
и јас сум подготвена.“