Ким Мур – МОИТЕ ЛУЃЕ

Потекнувам од луѓе кои пцујат несвесни дека пцујат.
Потекнувам од скелари* и гипсери и кондураџии и слуги,
од слугите на кои им плаќале мангар минута за да посетат некоја бабичка дома.
Некои од моите луѓе и в затвор биле. Некогаш влечам
кон нив и се гледам себеси во нив. Да беа од
Јоркшир, а не се, ама да беа, ќе беа оние
штрајкувачи кои вриштат scab** и фрлаат цигли по полицијата.
Потекнувам од лоза жени кои се мажеле двапати. Потекнувам
од лоза жени кои деца растат и мажи кои одат на работа.
Да знаев кои се моите луѓе, во времињата пред жените
да имаат дозвола да работат, тие веројатно биле жените кои
веќе работеле. Да знаев кои се моите луѓе пред жените
да добијат право на глас, тие нема да се секираа за гласањето. Многу
караници има помеѓу моите луѓе. Никој не ги сака сите.
Во ропските времиња моите луѓе ќе имале робови да беа
од оние луѓе кои можеле да си дозволат да имаат, но веројатно
не биле. Во времињата на секојдневен расизам, некои од моите луѓе
биле и ќе бидат расисти. Некои од моите луѓе ги знаат сите луѓе
кои живеат во нивната улица. Тие се оние луѓе кои ќе се закараат
со учителот ако нивното дете добие казна. Жените
од моите луѓе се волчици и ние зборуваме со месечината в сон.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски

mk_MKMK