Ко Ун – Буда во карпата, Западната планина

Жолтото Море не е океан, двор е,
двор со сите членови на фамилијата.
Никој не живее таму, но сепак
океанот создава бранови,
самиот, кои сериозно
го донесуваат и однесуваат,
денес исто како вчера.
Таков вид двор.
Рибите од длабините ми се предци.
Генерација по генерација,
предците ми излегувале
на површина, дури не ги смениле
животите и станале
луѓето на брегот.
Каде што е Буда изделкан
во карпата на брегот,
кон зајдисонцето,
целосно обвиен во сончевина,
бие издлабеното срце.
Буда во карпата на Западната Планина,
Јужната Чунгчонг Провинција,
кој ми е предок,
а не оној од западна Индија.
Сега е најблескавиот момент.
По зајдисонце, мижурка со очите,
зјапа во далечината,
среде океанот,
на еден остров ко точка
сега веќе во темнината која надоаѓа,
Буда бебе е издлабено во карпата.
Ова не е чедо на вечноста.
Денес звукот на јатото црвеноперки што минува
надвор, во тој океан.
Двата Буди ги начулуваат ушите
кон величественото патување,
бебето Буда само слуша,
и знае дека ајкулата се приближува
до јатата што заостануваат.
И во тој момент, од бебето Буда,
краток страден крик.

Препев: Горјан Костовски