Лаура Ачербони – Хангарот

Хангарот
се изнајмува.
Во него има стотици
кои шијат
по дванаесет часа
како пајаци
плукаме нишки
од сите страни
и се јадеме меѓу себе
во недостиг на друго.

Превод: Живко Грозданоски