Лаура Ачербони – Имам камен

Имам камен
кој поаѓа
не знам како
се поздравува
камен.
Не знам ни
дали има желба
да ја испразни материјата
за поздрав
за да одолее на желбата
да ме удри
по главата.
Ти си глупав камен
се вртам
веќе не се сеќавам на ништо
малку крв
луѓето наоколу.

Превод: Живко Грозданоски

mk_MKMK