Лаура Ачербони – Си помислив

Си помислив
дека не е праведно
рибите
да населуваат тела
за да ги разложуваат
што побрзо
кога човекот
ги враќа на дното
за да не се најде
со стапалата
врзани во цементот
и со јаже
и вреќичка
на главата.
На ниедна риба
не би требало да ѝ се прави ова:
да се обврзува
да плива низ вени
и да се принудува да ја учи
белодробната географија
на други видови.

Превод: Живко Грозданоски