Лиан О’Саливан – ПАТОТ НА РУДАТА

Каде мовта е злато во бакарните базени
мајка ми ја сонува мајка си на патот,
седната напред сред распиштени трски,
и расчадени океански карпи. Станата надвор
од болничкиот кревет, нејзината рана закрпена
и посребрена под пижамите.
Кротко, го соблекува волнениот џемпер и почнува
да го одмотува, двете раце разработени и стабилни
додека не го прочешлаат целосно.
И почнува пак. Патот на гладта, патот на рудата,
котелци; како трева проголтана од некое окно
волната се стресува повторно кон нејзиниот скут,
погледот потиштен, иглите ја отчукуваат работата,
нејзината чуднотија, сè дури не ја излечи, старите
движење долго стегнати и длабоко во нејзините раце.
Сонувам како заедно низ планинската светлост
се водиме една со друга каде патот се свива,
и продолжува, подалеку од каде мислеа дека завршува.

Превод: Горјан Костоски