Поети

Лауреат - 2010

Љубомир Левчев

Бугарија

Биографија

Љубомир Левчев е роден на 27. 4. 1935 година во Тројан. Завршил филозофско-историски факултет на Универзитетот Св. Климент Охридски во Софија. Бил уредник и главен уредник на весникот Литературен фронт (1961-1971), прв заменик-министер за култура на Бугарија (1975-1979), претседател на Сојузот на бугарските писатели (1979-1989). Од 1991 година е уредник и сопственик на издавачката куќа Орфеј и на истоименото меѓународно списание. Неговата прва поетска книга Ѕвездите се мои излегува во 1957 година. Во 2007 година ја публикува поетската збирка Последни поеми. Во тој период од 50 години објавил повеќе од 30 книги поезија, како и романите Убиј го Бугаринот! (1988) и Ти си следниот (1998). Во 2008 година излегува од печат седмиот и последен том од неговите Избрани дела со наслов Опасна слобода. Поетското дело на Левчев е објавувано во 34 земји со 70 одделни книги. Тој е заслужен деец на културата (1997), почесен доктор на науките на Бугарскиот слободен универзитет, редовен член на Европската академија за уметност, наука и култура од Париз, член- основач на Европската академија за поезија од Луксембург, член на меѓународниот дом на поезијата во Брисел, член на Меѓународниот литературен фонд од Москва и почесен член на Каза национал де поезија од Лима.