Луис Арманд – ЈАДЕЈЌИ ГО РУО

(Musee Beaubourg *, Париз)
Забележи ги овие свиени бутови смлитавени
од досада, неупотреба и безропотност.
Поставени пред окото –
небаре маса од жилесто месо
кое чека да го купат и да го соблечат. Чисто ова –
да порекне ли сомилост или што и да поминува
ко сомилост?
Уметникот не се смее зад размачканото посмртно платно
нѐ спроведува како фигура во свечено
апсурдна ноктурна, накитена
со сите важни теми на неуспех и презир
кое телото може да ги симболизира.
Свршена проповед, што ли останува освен да си ги земеме
гревовите и да си ги изедеме?
Превод од англиски јазик Елида Бахтијароска
 
* Музејот Beaubourg, Париз