Луис Арманд – ЖАК КУСТО Е МРТОВ

предупредени во однос очекувањата за заплет и расплет
без разлика изразивме сочувство во јавната
библиотека и на подножјето на националниот споменик
и како што минуваше денот се чинеше дека знамињата на јарболите навлегле
во некоја влажна фаза на рамнодушност
дете со азурно сино капче мавта од прозорецот на трамвајот
како што тој самиот турка низ напливот на пешаци
согласни сме, веќе немаше простор за да се перцепираме
ние самите наредени во тоа море од предруштвени добро
мисленици
гласови во гласовни–балони кои реат над аморфната маса
ова во согласност со програмата, белешка, која инсистира на
чист спектакл: „толку многу биднува и ништо не се
случува“
чекор по чекор се враќаме наназад и во обид да преминеме отспротива
повторуваме
во 12:00 часот пауза за најнов трач, идеи за резултатот
за нечуени настани
потоа, да изразиме почит во зафрлената пошта (со надеж дека)
ќе ја пресретнеме погрешно адресираната пошта
и ќе испиеме едно кафе на штандот
и ќе прелетаме со поглед по насловите од весник на рафтот со весници
„предвидена измена…“ со мисла каде следно да се оди,
никогаш на едно место или „таму“ како што ќе речат
тивко задлабочени во набљудувањето непознати минувачи еден двајца тројца,
чекаат во ред за однапред да платат „големата сиромаштија
боде очи“ вели жената во високите кожни чизми и
билбордот вели гласај икс за повеќе ипсилон помалку зет
врапците му ја мислат под стреите на синиот самрак
гугаат
и одеднаш, ко што секогаш се чини, не сакаш да си пак сам
вечерва, по скалите кои водат една по друга
нагоре кон површината и воздухот
ама како вратите во соништата нема рачка

Превод од англиски јазик Елида Бахтијароска