(Одломка)
Пеперутке патешественик,
носиш онолку бои колку има летото,
влегуваш без да тропнеш,
си заминуваш без збогум,
и ако се подготвени пијалаците
ќе останеш вљубена таму
Некогаш ме нарекуваат вештерка и веќе не се смеам ко бебе…
што ми е гајле ако сум вештерка
штом крај прозорецот на мојата душа
се изворите на светиот водопад.
Превод од шпански јазик Марија Петровска