За Џејмс, повторно
Во старата Трамонтана
на Тотенхем Корт Роуд
меѓу продавниците за хи-фи уреди
научив да порачувам
тоа што ти порачуваше,
не студентски јуфки,
туку префинети нешта
како специјалитети.
Откако минаа години
од нашата ручек-разонода,
стариот келнер го стресе
паркинсон до смрт и
ни падна буквално пред очи.
(Се сеќавам на падот
и ѕвечењето на неговиот последен
сервис за кафе.)
Едно попладне,
кога веќе не одевме таму
божем неопходен инвентар,
го видов Јосиф Бродски
како седи до прозорецот
со лист хартија и цигара,
како ангел набљудувач,
некаде со милји подалеку.
Препев од англиски јазик: Зоран Анчевски