бум-буум-бум-буум-бум-буум
срце ли е тоа што буфта или каденца на воз нешто потаму
бум-буум-бум-буум-бум-буум
срце што буфта или чекори на едно маженце по калдрмата
бум-буум-бум-буум-бум-буум
тропање на врати, после брачни караници, или само поради обично тропање на басови од забавата кај соседите
бум-буум-бум-буум-бум-буум
машина за сушење алишта, заборавена пумпа во подрумот
бум-буум-бум-буум-бум-буум
срце ли е тоа што буфта или координиран шум, во затворена уста
Превод од холански јазик Зоран Радически