Нужум Ал Ганем – НИ СВЕТЛИНАТА НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ

В рака држам китка цвеќе од нашата градина,
јасминот и нарцисот цутат
на ноќната роса.
До креветот, има еден друг букет
кој го ставив таму пред неколку дена
а ниедна
љубопитна  душа не му обрнува внимание,
дури ни светлината низ прозорецот
која тврди дека ме љуби.
 
Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK