Нурдуран Думан – ДИВ КОЊ

Зборувам самa
Трчам со половина уво
Шумата на битието не е таму
Собрав три рамнини, а потоа
Искршив три реки држејќи ги рацете
И кренав три мориња за време на пристигнувањето
Дали сум јас душа на возот
Дали сега сум воз
Дали станав воз?
Држете ги вашите проблеми
На моето бомбардирање
И нека лета железницата
Сакам повторно да го излеам железото
И да направaм дупка во мене.

Превод од турски јазик Ајлин Скоро

mk_MKMK