Нурдуран Думан – ПОЛУКРУГ

За да го најдам изгубениот стих
Со проколнатиот живот
Се тргував себеси
Изградив ѕидови од сол кон морето
Чекор до мојата куќа со две соби
Станав бедна гравирајќи вистински замоци
Ја погребав смртта со моето десно око
Не можам да го вклопам животот во земјината топка
Пиев од волшебната вода, и пливав
Поради ова умот ми е заматен
За да го напишам тој изгубен стих
Се помирив со една проклета љубов
Ноќите огрдував
Водев љубов со безобразни зборови
Врските ги ткаев на памучен коноп
Кого и да привлеков не го повредив, јас се уништив
Кого и да допрам ранет
Низ еден полукруг
Ги поминав внатрешните мориња на љубовта
Затоа еден дел од мене секогаш беше поделен

Превод од турски јазик Ајлин Скоро