Нурдуран Думан – СИ ИМАМЕ НАШЕ НЕБО

Зборовите на Миро – во форми, бои
Во сонот уште еден сон
Се отвора врата, се затвора: ѕвезда
Агли со длабоки кроеви лесно зашиени
со невидлива игла за наборите на небото
Ние имаме наше небо
Бродови направени од очи, крилата од трепки
Во средба на нашите погледи, летаме
Практикуваме форми на смеење
И на спротивставување на животот

Превод од турски јазик Ајлин Скоро