Пабло Неруда – Проклетство

Се колнам: од твојата пресушена уста ќе се вивнат
зрната леб, истурено
ново класје. Проклети да бидат,
проклети, проклети да бидат оние што со секири и змија
дојдоа во твојата земска арена, проклети да бидат
оние што го дочекаа овој ден, за да му ги отворат на маврот и
разбојникот портите на дворецот:
Што постигнавте? Донесете, донесете свеќа
и гледајте ја влажната земја, гледајте ја црната коска
пламења што ја лижат, кошулата на
стреланата Шпанија.