Паула Бозалонго – Светлина врз морето

Овој полн куфер
е запален фар што го осветлува несигурното,
бришливата јасност е светлина врз морето
што истовремено ни ги покажува
стравот и пристигнувањето.
Спроти светлината,
сè цврсто чекори кон минатото,
постои уште само морето
и лажното мрморење на друштвото.

Превод: Марија Петровска