По завршување на манифестацијата „Мостови“ , на свечената вечера во Хотел Дрим, поетите, гостите и организаторите имаа прилика убавите мигови во Струга од овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата да ги надополнат со вкусот на убавото тиквешко вино, преку поддршката од нашиот генерален спонзор АД Тиквеш.
Врската помеѓу АД Тиквеш и Струшките вечери на поезијата најнепосредно се огледува преку нивниот најпознат бренд за вино Т`га за југ, инспириран од песната на Константин Миладинов, симболот на Струшките вечери на поезијата.
Ова вино поетите учесници на Фестивалот го добија како подарок, за да можат да се потсетат на миговите поминати во Струга. Но на свечената вечера имаа прилика да пробаат и нешто различно, вина кои се дел од колекцијата на Тиквеш, Луда Мара.
Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, Винарската Визба „Тиквеш“ го креираше новиот вински бренд за да ја зајакне автентичноста на своите вина.
„Новиот бренд го поврзавме со името на реката Луда Мара која поминува низ тиквешкиот регион и Кавадарци и која со својата уникатна природа и карактер, како и со бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на единствениот карактер на нашите вина. Автентичноста на бренд името и спецификата на производот овозможуваат полесно да jа раскажеме приказната за овие висококвалитетни и докажани македонски вина, што е особено важно за успех при извоз на развиените вински пазари“
Приказната за Луда Мара е возбудлива. Реката во Тиквешко позната по својата непревидливост и сила не случајно е име на нашата добро позната бренд линија. Секое вино од оваа линија раскажува своја сопствена автентична приказна и е посебнодоживување кое води до нови хоризонти.
„Пушти нека те води…“ –мотото на новата колекција на ВВ Тиквеш може да се поврзе со поетската инспирација која што тлее во секој од вас, но во мигови на инспирација станува поетска буица која носи силни емоции и на која треба да и се препуштиме, оттука доаѓа и мотото „Пушти нека те води“… Луда Мара.
Откако имаа прилика да уживаат во вината од колекцијата Луда Мара, на поетите им беа поделени шишиња од виното Вранец, исто така дел од колекцијата Луда Мара, но со празни етикети, на кои тие, инспирирани од вкусот на вината од Луда Мара, секој на сопствениот јазик, испишаа по стих или два и ставија нивни потпис. Овие шишиња вино со испишани стихови ќе станат дел од специјалната колекција на Винарската визба Тиквеш.
