Радован Павловски – Пат за в планина

Ќе го пронајдам црвениот камен на громот
О исушено билје
ќе те завиткам во цигара
и ќе те запалам од молњата
Лош знак ми дава небесната mица
Не пиј ноќна вода
коњу мој бос
Не ќе ме однесеш дома
Маtија закопале во темелот на мојата куќа
Подземен ветер ми ги исече нозете
Ќе легнам во ѕвездените бавчи на ридот
на постела од ружи
Ај свеќа нека ми запалат на челото
и град нека ме испокрши
Се готвев да пуштам корен
а дојде мојата кртица
Коњу мој бос ќе цркнеш од тежина
Добитокот ми го преградува патот
Небото го изгорела молња
Полетај ми в глава плачно камење
Ни во петлени доби не ќе стигнам дома.