Радован Павловски – Суша

Наведнат до скршување добитокот
силно рика за секој изгубен рог
Небото не слуша
Нанижани во круг птиците
имаат тврдо летање во воздухот
Ние имаме отворени дланки за молитва
Часовникот им ја бележи
горештинитена тревите
Ветерот одвај донесува две три капки дожд
Распукани и раскрвавени нозете
се можат да убијат по патот
Мравките обележувајќи црн конец
се закопуваат длабоко
Започнува да паѓа задоцнетиот дожд
Ние имаме отворени куќи за поплава
Телото во водата ме боли округло
Не лета во воздухот мојата отепана птица
Можам да го отворам прозорецот
и да викам до лудило.