Ришард Криницки – ДА, СУМ

Веќе неколку дена
се враќам назад, одејќи
по замаглениот Краков
но сé уште не се вратив
од мојот розовопесочен,
од мојот розовопесочен
Ерусалим.
Понатаму се враќам
под Sидот на плачот.
Понатаму грешам
во тесниот лавиринт
по Крстоносниот пат,
понекогаш
во процепите над главата
гледам месечина,
постојано полна.
Понатаму грешам
во почетокот.
Дали сте Евреин? –
ме прашува стар Хасид,
сигурно помлад од мене.
Да, поет сум –
би сакал барем еднаш да одговорам
но само се насмевнувам
и велам:
Шалом, ах!
Оваа година
не родив овошки
само лисје
кои сенка не даваат
се плашам, Рабине,
се плашам, Господине,
дека ќе ме проколне гладен
истоштен
од бескрајниот пат
до Ерусалим.
[1986]

Превод од полски јазик Звонко Димоски