…Сигурно веќе си сфатил
што тоа Итака значи.
И јас сум Одисеј,
но незнаен.
За мене никој ништо не слушнал
и никој не дозна за мојата остроумност…
Затоа што Итака никогаш не ја напуштив.
Ниеднаш во животот мој не сретнав
Киклопи, Лајстригонци и Сирени.
Тројанскиот коњ не го изградив
и со подвизи не се прославив…
Затоа што Итака никогаш не ја напуштив.
За јакоста на мојот лак и храброста моја
никој не дозна.
Дури и љубовта на Пенелопе
кон мене одамна е изладена…
Затоа што Итака никогаш не ја напуштив.
13.09.1989