Руна Светликова – КЛАСИФИКАЦИЈА

Тоа е загноен иглен пердув
манијакално лижење по суви усни
бескрајното прскање.
Тоа е незаситното пиење
грубото дерење на насмевката.
Тоа е треперењето под тушот.
Тоа е безобличната молитва
изустена пред секој олтар и секој бог
тоа е приземјено еретички.
Тоа е сѐ што некогаш си заборавил, загубил, уништил
Блаженото тело во твојот ковчег.

Превод: Зоран Радически