Сана Хартнор – 8.

езера се пресметливи
и сјајни како огледала
езерата се црни и морето е сиво
морето спиеше
со отворено око
од него
светкаше трпение
толку старо што сега носеше
искоренета и потполно
непозната боја
морето беше таму
кога боите дојдоа
светлината и очните дупки за светлината
да се фрли внатре
боите беа новости
нивните имиња се носеа
како шапки

Препев од шведски јазик: Ивица Челиковиќ