Салајдин Салиху – Денот се Раѓа а Ѕвездите Исчезнуваат

Денот се раѓа
Ѕвездите на спомените исчезнуваат
Во големото небо на досадата
На масата каде се распослава стравотијата
Се наведнува самотијата
Како безнадежна старица
Со разбојот на разочарувањето
Го ткае амблемот на загуба или победата
На белото знаме на утехата