Шејмас Хини – На сенката на Збигњев Херберт

Ти беше еден од оние од зад грбот на ветрот северен
Кој на Аполон му беше омилен и на кој тој му се навраќаше
Во зимно време. И меѓу твојот народ ти остануваше
Да му бидеш гласник кога годе тој си заминуваше
А земјата ти беше нема и осуетена од летото ветено.
Ти му ја научи лирата и му ја чуваше наштимана.

прев. Богомил Ѓузел