Погледни ги лисјата сега,
дрскоста нивна да бидат исткаени под
опасности од метеори, во краткоживата сончевина.
Нивната тивкост заробува
еден од студ растресен ветер.
Тумор од светлоста на канделабрите метастазира по хартиени неба
јаден од еден настојчив пламен.
Струпје сол врз купишта карпи.
Една сенка се губи себеси во сенките.
Блиску до таа точка
убедувањето ми истекува
како крв од навредено лице.
Види ја водата
тоа е само остварување на идејата на течење
и рибите единствената бариера помеѓу
дефиницијата на брановите
и чувствувањето на морето.
За момент не верував дека оваа проникливост
ќе ми помогне дур ги носам
огромните пространства воздух.
Таму, и ти стануваш сè подалечен, како татковците, во надменоста
на задоволниот предатор
кој зад себе го остава лешот на својот плен.
Превод од англиски јазик Горјан Костовски