сенка
светкав морски шир
напладне, танц на сенки
врз дини со кремен.
рибарки
плетенки мрсни
на бронзе-кожи рибарки –
божем харинги
доручек
овошни коцки –
прелив од кокос и мед,
мусли и урда
коктел
чаша маргарита
со пораб сол – боде и кутка –
жежок морски ден
крајбрег
стреи, знамиња,
крпи, чаршафи се веат на
лутав прилив ветер
колиби
колиби начичкани
басот ечи во транс микс
борба за пазар
сончање
топлес тела горат –
бели до излупени црни –
тајни што сонце жарат
изгореница
кожа жежи, жари – горлив
воздух го пара печот
на солта со спор смиреж.
студио
свеж воздух в студио
топи сини бои – темната ја гаси
црвената топлина надвор
. енергија
лажен спор чекор
леко ми слева во крв –
искри живот од смрт
Превод: Ана Топенчарова