Сим Кера – Циганско лето


девојката што ја сакам
седи во снегот
гола
ги слуша Смитс
и се дави во крвта
што и тече од носот
имам прсти на тереминист
и срце на пијанист
се плашам да умрам сам
кој ќе го бакне челото на мојот леш
кој ќе го избере јажето со кое ќе бидам положен да почивам
нема никој кој би јадел салата од компири на бдеењето за мене
кој би напишал во весник колку прекрасна и грижлива личност сум бил
девојката што ја сакам
седи во снегот
гола
ги слуша Смитс
и се дави во крвта
што и тече од носот
гледам на тоа од далеку
немам храброст
да се доближам
крвта може да касне
знам дека си исплашена да умреш сама
но јас секогаш ќе бидам тука за тебе
ако е потребно да го бакнам твојот леш

mk_MKMK