Славе Ѓорѓо Димоски – МАЈЧИН ЈАЗИК

И ти си цицал
Млеко мајчино
Од мајчиниот јазик.
Си цицал? Од јазикот
Што се молзе
Во златна чинија
И се принесува
На трпеза.
Господине Пишувачу. (Млад?)
Додека цицаш
Само тој ја троши храната
На бојното поле
За тебе. Ноќе и дење.
Дење и ноќе.