Стефан Корвин – Полека го олабавуваме стисокот врз светот

Полека го олабавуваме стисокот врз светот. Оној во кој живееме, опседнати со идејата сè да исцедиме. Во градовите, личиме на нервозни бубачки, повеќе или помалку големи, повеќе или помалку зуејќи. Желбата се држи до нашите најмали цели. Си ги врзуваме во јазол вратовите кои се најчесто расчленети од главите. Една друга приказна која се воздржувам да ти ја раскажам, колкав број од нив се добива?
***
Превод: Надица Николоска