Стивен Џ. Фаулер – ЦРВЕНИОТ ВРВ* СЕ БОРИ СО ИМПЕРИЈАТА**

Британската аристократија прикажана како симпатична, оти знаат да бидат такви.
Американски апетити за подлабоки истории, пластични индустрии и да се биде блед.
Чекаш на дождот тој да си замине, во ветви алишта вешто скроени. Седиш спокојно, самотен.
А завесите одговараат? Пазете се од Црвениот врв.
Многу итар, многу интересен развој, се согласуваш? Вашиот акцент. Танцот не е
особено сложен. Шармантен, да, допадлив, дотолку што многу затскрива.
Зад него, луѓето велат, беда, очи затворени пред бедата, не би рекле?

Превод од англиски јазик Горјан Костовски

*Американски игран филм од 2015 година, мешавина од драма, фантазија и готика. (заб. на прев.)
** Американска ТВ серија од 2015 година, која се емитуваше на телевизискиот канал ФОКС. (заб. на прев.)