Стивен Џ. Фаулер – ГАСЕНИЦА

Зошто иташ, животе, зошто здодеваш со часот?
Набрзо ќе имаш време цврсто да ми ја сошиеш устава,
крпејќи со железен конец.
Олга Седакова
Проблеми се создаваат,
и дали ова е уште возбудливо,
штом има и цел
и толку стравични последици.
Девојките по улицата поглед
веднат
иако ги зјапам само
оти се облечени како мумии.
Или можеби изгледам одвратно,
дури се хранам со кајсии
како некој фараон.
Но тие од крилја беа израснати
и набрзо скапуваат врз пердувот
ако не ги изедеш сред цут.
Можеби поглед веднат
оти сум грд,
како гуштер.
Или оти живеам по гаќи.
Или поради плодноста моја.
Или оти можам раце и нозе да обновувам.
Или оти настојувам сите да ги скокоткам.
Добар љубовник сум ама,
нервик голем сум.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски