Тадеуш Ружевич – Желба

Желба

Во спомен на Тадеуш Боровски
Би сакал денес да зборувам така описно и јасно за да
дотрчаат децата кај мене како што одат во парк
што стои со сонце и светло има во себе
Би сакал денес да зборувам така топло и просто
за да се чувствуваат старите луѓе потребни
Би сакал така да зборувам за да можат моите зборови
низ солзите да стигнат до блесокот на насмевките
Би сакал денес да зборувам спокојно и тивко
за да можат луѓето заедно со мене да одморат
да се смеат и плачат
и да молчат и пеат
Би сакал денес да зборувам гневно и сурово
за да се најдат изгубените мечти
Крилото што некогаш бликна од рамото
Би сакал да не зборувам
но со зборовите да направам
луѓето
моите зборови да ги допираат со раце