Татев Чакијан – ЛАЖНА МОНТАЖА

Вака почнуваат воените филмови –
децата во дворот си играат сакате ли војна
а татковците скришум учат како се станува јунак
додека се наведнуваат низ прозорец
со очите полни со исцрпеност од мир
и усните излигавени со меурчиња од досадни денови.
Синовите им раскажуваат на татковците лажни прикаски,
татковците со самовилска маѓија се охрабруваат,
исчезнуваат во ноќта
и заминуваат да си играат сакате ли војна со други татковци.
На крајот од секој воен филм
децата се наведнуваат низ прозорец
и си ги викаат татковците дома.

Превод од англиски јазик Никола Ѓелинчески

mk_MKMK