АНЕСТЕЗИРАНО: ТАКВО Е твоето тело,
Дланките треперат. Вулвата.
Името што те придружува, клучевите
На преминот на денот. Румени.
Пренесуваш – преведуваш. Шепотиш
Некакви желби. Глаголи. Се раѓаш во твојата
Утроба. Чувствуваш: некакво нешто ги покрива
Кршливите потези на твојата голотија.
Сè уште ни небото што го отвораш, ниту розикавоста
Меѓу твоите нозе. Усни. Ништо
Поради велот што го прекрива Никогаш – не се менува:
Пловиш во твоите сништа понесена од ветрот без насока. Пливај.
Превод: Наташа Сарџоска