Тијаго Понсе де Мораиш – ТИ СЕ ВРАЌАМ ТЕБЕ

ТИ СЕ ВРАЌАМ ТЕБЕ низ неодгатливиот
Баласт на слепоочницата
Ничиј глас,
Повторно,
 
Бунари.
 
Ми се чини дека ги предосетувам твоите чекори
Во мај.
Нема брзање
Ниту пак ѕвезди
 
Во она што го слушам,
Само далечините спијат тука.
 
Го зафрлам моето јаже кон дното
И барам каква и да е слика
Во оваа ноќ.
 
Јажето не враќа
Ништо.
 
Поминуваш.
 
 
Превод: Наташа Сарџоска