Тијаго Понсе де Мораиш – КОГА ГИ ПЕЛТЕЧИШ

КОГА ГИ ПЕЛТЕЧИШ твоите слогови
Јас ти ја враќам ноќта,
Во мојата уста си и твојот јазик
Е мој јазик.
Кога треперат твоите усни
И ги допирам со мојата плот,
Веќе сум врз твоето тело и твоето тело
Е мое тело.
Кога надвладува тишината
Моите очи до твоите толку близу,
Заедно сме меѓу нозете, постоиме,
Наши сме.

Превод: Наташа Сарџоска