Тицијано Фратус – ПЛОДНОСТ

На
езерото
т е р м а л н о
жеравите од Манчурија
го избришаа својот пат.
Пристигнаа кога се разретчи маглата,
загатка една остави простор за друга.
Ми се јави и се врати дома два часа порано.
Пристигнувањето на жеравите е благонаклонет знак,
плодност и верност, се насмевна.
Се соблековме и
клекнавме на колена.
На нашите усни
ти исцрта знаци бели,
кружни, на стомаците две црвени точки.
Ми наложуваш да ја почитувам волјата на природата.
Два наклона, две ракоплескања и трет наклон.
Ако не ја учиниш својата должност би можела да убијам.
 
Превод од италијански јазик Наташа Сарџоска