Кој ја отвора
оваа книга
ризикува прилично:
од стапалата би можеле
да из’ртат корење, од дланките
гранки на габер или јагодарник.
Би можел да се сретне самиот себеси во некој
сон, ил’ да се пробуди должен да избере
меѓу пригодата и вистината, на сопствена штета.
Природата нема ништо арно,
таа делува и распределува, се
обновува во крвта на
победените. Нерви сме и
чувства кои само
лек ветрец може
да ги смеша, или сенката
на некој облак да ги сокрие. Човечката
природа не е карпата, шумот е
од летот на трнарчето
Превод од италијански јазик Наташа Сарџоска