Тицијано Фратус – СПРОТИВСТАВЕНО МАЈЧИНСТВО

Велат
временската машина
не постои
ама невистина е, ги има
непрекинато: во архивите,
по ѕидовите, подземи, по мразовите и
по домовите. Од бебешкиот плач до првиот збор,
историјата на еден вид во грст потези.
Се расте, се трча, се греши. Она што пука однатре
и она што се покажува однадвор. На пример, средбата,
секој септември, со претпазливата бура: бавното привлекување
кон долната, недоличната и недостојната калдрма. Есенското
вјасање ги убива дрвјата. Во самрак мајките
плачат, зашто знаат ноќта е долга,
не носи утеха, како што велеа
старите, ниту носи олеснување.
Ги ѕиркаат децата како дишат
в сон и се прашуваат
дали се нежни,
будалести, среќни
или немилосрдни.
Ќе знаат ли
да му се измолкнат на опсенот?
Или полошо: нема да го имаат
воопшто.

Превод од италијански јазик Наташа Сарџоска