Томас Венцлова – * * *

Половина милја подалеку, покрај крстопатот на автопатиштата,
верижна честича од кремен запалува оган.
Зајужува. Во изворите мразот затреперува и
отсјајот од јасеновата корија е нескладен.
Ова е само почеток, сега и не е најстрашно.
Во проѕирната магла брегот ќе замрзне.
Дури и Бог кој навидум ко дим се крева, и тој
ќе се разнесе. Но не зборувам за тоа.
Верувај во зимата. Напиј се од благословениот студ.
Биди горд што остана без дом.
Како бегалци, сокриени во чун,
диши од темата и од чистината на солта.
Сонот ги сокрива гребените на Итака,
децата не се сеќаваат на вината,
и ќе има само смрт, и мокар снег
и музика, и никаде никогаш ништо.
 
Превод: Дарко Спасов