Чжоу Цан – РИБОЛОВЕЦ

През ден еден старец доаѓа на река да рибари,
Дете седнало под дрво, изненадено
Зошто риболовецот е спокоен, а не загрижен како рибите,
Чија судба е толку менлива. Белиот ден на старецот
Си го има детево за сведок. Но неговиот
Ноќен живот таа не може да го разгатне;
Таа сал знае дека далеку во еден бамбусов лаг
Одвај е видлива колипката на старецот. Детето никогаш
Не влегува во длабокото зеленило на бамбусовите сенки. Но таа
Има чувано стража за старецот крај брегот на рекичката сред врнежлив ден,
Додека мустаките му се наѕираат под шапката што отсјајува сребрен сјај,
Небаре крлушки на крап. Рибата ја згодува својата судбина,
Пикната во бамбусов кош понесен од него.
Целото лето, дождовницата и рекичката растечени ја следат сенката на старецот.
Под дрвото клупата на детето тоне в земи, дури тоа е загрижено
За судбата на рибите под вода. Тие одат и доаѓаат,
Гризејќи ја јадицата во устите, та пак исплукувајќи ја.
Понекогаш меѓу нив има некоја
Со среќа да ја проголта јадицата, па да биде однесена од старецот,
Кој заминува во друга судбина. Гледа таа луѓе, разговара, се насмевнува,
Учтива е… детето ги слуша поуките на старецот. Летото не му е од полза
На детето при растењето. Летното тело ја разголува страста на комарците. Како
Риба излезена од вода, изведувајќи го старецот во полната со смрт реа на летото.
Преблиску до нас таа вечер во колипката сред бамбусовиот лаг,
Старецот го убија за пари.
Но луѓето велат – премногу сеништа го беа прогонувале.
 
Превод: Игор Радев