Владан Кречковиќ – Беше лесно да се запали градот, но тоа никогаш не го сторивме

Сакаше панорама.
Држејќи се за раце како тинејџери,
го следевме во лифтот
одбројувањето на катовите.
Остриот звук на макадам на покривот
потсетуваше на речните плажи.

Куполите на твојот
набрзина соблечен градник
го впиваа остатокот од летото.
Ме праша како секогаш знам
каде мируваат градските базени.
Од каде толкава жед во мене
и страв од телефонски повици?

Од прозорецот на твојата соба
бавниот ток на Дунав личеше
на егзодус на нафта.
Секој пат кога ќе ме гушнеше,
престанував да мислам дека
е доволно само едно чкорче.

mk_MKMK