Владан Кречковиќ – Ноќни капења

Сè уште ги паметам нашите долги договори.
Потпукнувањето на твојот глас во слушалката.
Со тебе никогаш не беше
доволно доцна.

Пронајдовме утеха зад прескокнатата ограда
на местото каде ноќта паднала во базенот
и решила да остане.

Додека долго во тишина ја посматрав
темната кора на водата, стравував
дека во мене ќе го засакаш само
она што веќе беше скршено.

mk_MKMK