Почина Хосе Емилио Пачеко, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2013

Струшките вечери на поезијата со огромно жалење ја примија тажната вест за смртта на Хосе Емилио Пачеко, еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2013 година. Сочувствуваме со огромната болка на семејството заради ненадоместливата загуба. на бардот кој на светската литература ѝ подари дело неодминливо по уметничките и естетски вредности. Во миговите на тага се потсетуваме на прекрасните мигови од неговиот престој во Република Македонија во 2013 година, кога му беше врачен „Златниот венец“ за особените остварувања на неговото поетско творештво.
Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на Мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда „Сервантес“.
Горди сме на тоа што имавме една таква прекрасна личност и творец за лауреат на најпрестижната светска награда за поезија. Неговото поетско дело ќе продолжи да живее и низ препевот на македонски јазик.

НУМ Струшки вечери на поезијата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©