Еве една старомодна поема од оние што се пишуваа пред 1950,
најчесто насловени „Без наслов“.

Еден ден зедов камче од
плажа на Источното Море и го ставив в џеб
но скокна надвор со врисок.

Дури брзаше во далечината,
не испушти ниту звук.

Немав поим за силните емоции по кои копнеев.

На отвореното море има јата гулаби
спремни да колваат и голтаат лесни зборови.

Препев: Горјан Костовски